Saturday, August 20, 2011

Отварањето на Makuapark!

Поради големиот број на насобрани импресии од денешниот ден, се мислев како да го започнам овој текст, меѓутоа се присетив на едно туѓо искуство од пред неполни две недели, па затоа овој текст ќе го започнам со таканаречени „општи услови“. Впрочем така Google ми го преведува зборот disclaimer.

Истите тие услови ќе ги насочам кон тебе, драг читателу.
Значи прочитај го следново внимателно и убаво размисли дали сакаш да продолжиш со читање на остатокот од текстот:
Доколку по некој случај, имаш дојдено да политизираш, да браниш една или друга опција, да флејмаш ВМРО vs СДСМ, или пак си доволно празноглав во било која критика да пронаоѓаш предавници сметајќи се себеси за огромен патриот, тогаш овој текст - не е за тебе. Така да - одјеби!

Е сега, од како го расчистивме ова, време е да кажам зошто го пишувам текстов. Го пишувам затоа што сум капиталист! Затоа што мојата младост и созревање ги поминав во такво општествено уредување и затоа што ги ценам парите, а особено потрошеното време. Работам преку 10 часа секој ден, пропуштам многу од развојот на моето дете трудејќи се да му обезбедам постабилна иднина и поради тоа исклучително ми е важно како и каде ќе си го поминам времето со семејството кога веќе ќе решам истото да го „потрошам“ на нив.
Особено ме нервира кога одреден бизнис кој што јас директно го финансирам настапува отприлика толку транспарентно колку што му е бистра водата во базенот предвиден за најмалите!
Батки од Аква Парк Македонија, овој текст е директна реакција на бришењето на мојот и сите останати коментари кои на вас не ви се бендисаа а беа оставени на вашата Facebook страница, но и бришењето на сите тие луѓе од вашата fаn листа!


Денеска бевме во Аква Парк Македонија. На отварање. Ама повеќе изгледаше како да го затвараат и рушат, онака фазно...

Целата приказна започна пред петнаесетина дена кога бев известен по email од TA Јупитер дека сум добил гратис влезница на нивната наградна игра, а за денешното отварање. Пред дел од вас што читаат да рипнат „ало шефе, шо се буниш ако си добил гратис“, само да ви кажам дека трошев бензин, плаќав патарини, купив уште 2 екстра влезници за луѓето што ги донесов со мене и внатре нарачував пијалоци . Значи, го имам полното морално право да си верглам...

Битниот дел од пораката на ТА Јупитер е следниов:
Имате ексклузивна можност со Вашата награда да поканите до  5 пријатели за кои ќе обезбедиме ВИП влезници по специјална цена од 400 ден. за возрасни, за разлика од регуларната  официјална влезница која чини 1200 ден! За деца од 3 до 14 год. влезницата  е 300 ден. и за бебиња до 2 години влезот е бесплатен....
Е сега, она 1.200 денари е многу битно, затоа од пред 5-6 дена испадна дека редовната влезница за отварањето е 600 денари. Картиве можеа да се купат и од Групер, каде што не по нивна вина имаше цел куп на незадоволни клиенти кои ги имаа купено со 50% попуст, те. за 600 денари. :)) Да, ги рефундираа потоа купувачите, меѓутоа штетата за изгубеното реноме на Групер никој нема да им ја надомести. Но, тоа е друга приказна, иако е дел од оваа. Ќе оставам да ја раскажат читателите во коментарите подолу.

Кога се јавив во ТА Јупитер од таму ме известија дека картите можам да си ги подигнам по 12-ти Август. Меѓутоа кога на еден ден пред свеченото отварање се прејавив за да прашам точно каде се наоѓаат во ТЦ Беверли Хилс, добив известување дека нема потреба да одам кај нив, туку само да го испечатам мејлот и да им го покажам во билетарата на самиот објект.
Дури сега ми стана јасно зошто се откажаа од продажба на картите во нивните канцеларии.
1. Затоа што немаше карти! Значи: билет, влезница, ма ливче некакво - јок! Јас не добив ништо. Добив само кусур од 200 денари; и
2. Ако ги купев од нив картите како што беше договорот, сега овој текст ќе беше за нив, така што ТА Јупитер - smart move што се тргнавте на страна. Вака, сега сте само организатори на нивната наградна игра на Facebook, а не и директен виновник за денешниот дебакл.

Е добро. Денеска тргнавме. Првото непријатно искуство не дочека во самиот град. Не запра сообраќаец кој ни рече да се снајдеме и да паркираме „ене онаму“ па да продолжиме пеш. Во ред, од малку фискултура не умрел никој иако цело време ми се вртеше сликата од мапата на објектот во кој што сум сигурен дека видов јасно означен паркинг простор.
Должината, но и тежината на патот е според моја слободна проценка како да пешачите од центарот плоштадот во Охрид до св. Јован Канео. Можеби и малце пократко.

Стасавме! Запотени, ама со елан! Го видовме и паркингот, пред самиот влез на „комплексот“. Мислам дека беше некој споменик од НОБ околу кој што немаше асвалт, но имаше десетина паркирани автомобили. Бев премногу задишан и возбуден на тоа што се наѕираше зад батките од Лупус, па драг читателу ќе ми простиш што не обрнав внимание.
Го земаа мојот испечатен email (гратисот де), плативме уште две карти по специјалната ВИП цена од 400 денари, меѓутоа не само што не добивме фискални сметки, туку не добивме ниту парагон блокчиња (УЈП, кхм-кхм...)

Влеговме и тука почна борбата за соодветна маса под сенка бидејќи дојдов со мојот две и пол годишен син. Имаше гужва. И нормално е да има, та официјалното отварање само што не започнало. После 10 минути најдовме соодветна маса и се сместивме.
Дојде келнер. „Еспресо ве молам“. „Јас се извинувам, меѓутоа кафематот се расипа.“ (?!?!)
Потоа ми стана јасно зошто. По се изгледа и кафематот, како и сите реквизити во оваа по моја слободна проценка градежна јама беа репарирани, те. веќе некаде користени, а тука заварувани, лепени, пребојувани... Па така кафе во наредните 3-4 часа колку што останавме, немаше! Дај пиво, дај кока-коли, дај кисела вода... итн, итн...
А фискална да ми дадете?
„аааааааа...!“ (УЈП кхм-кхм)

Еве ги битните впечатоци:

1. Самиот „комплекс“ не е целосно ограден. И од горе имаше цел куп љубопитни пробиштипјани кои се ѕвереа во внатрешноста.
2. Немаше ниту едно парче зеленило. Секаде само гола необработлива земја.
3. Таму каде што имаше ограда, беше од метални шипки само набиени во земја (мислам дека беше арматура Ф15), а самата ограда беше некоја ПВЦ лента која беше врзана за овие шипки. Некои 30% од „оградата“ веќе беа изгазени и срушени. Имајте само во предвид дека оваа препрека беше единственото нешто што го дели било кое дете од работ со висина од 2, 3, па и повеќе метри на бетон, плочки околу базен или градилиште со шут.
4. Јас со мои очи не видов НИТУ ЕДЕН спасител!
5. Целото место оставаше впечаток не само на недовршена туку на крајно неквалитетна изведба. На пример базенот, поточно базенчето со бранови, во кој што инаку немаше никакви бранови, беше излепен од мали мозаик плочки кои буквално паѓаа додека газиш на нив. Јас си земав една бела и сина за спомен.
6. Во детскиот базен не работеше ниту еден реквизит, а по се изгледа не работе ни филтрите затоа што водата се замати многу брзо.
7. Мрзлива река? Мммммм не би рекол. Многу рано сте дошле :






Ова е и единствената фотографија која јас ја направив. Сѐ друго што ќе биде објавено е од други автори.

8. Официјалното отварање доцнеше. Отпејаа поповите и пуштија во 2 цевки од тобоганот да тече вода, колку да не се биде без ич. Безбедноста беше на ниво! Необезбедени метални градежни (монтажни) скали за да се качиш до местото на спуштање. Долу, те катапултираат во базен кој мислам дека немаше повеќе од 1м длабочина.
9. Никаде не беше означено кој базен колку е длабок.
10. На соседните цевки тропаа и заваруваа мајстори. Долу кај мрзливата река работеа со багер.


И згора на сѐ, господата од Аква Парк, наместо да се извинат за хаосот кој што денеска го приредија, за нетранспарентноста кон клиентите, за криењето информации за реалната состојба на објектот, тие уште и ги бришат сите критички настроени коментари од нивната Facebook страна. Епа извините господо, ама кога веќе земате мои пари и тоа како ќе го слушнете тоа што имам да го кажам. Онака, или пак - еве вака!

Би сакал и да ви се заблагодарам што денеска практично ми потврдивте што значи терминот „Македонска работа“. Ова што денеска го видов беше навистина вистински Македонски аква парк - #makuapark (фала на @Kopriva за добро смислениот хаш таг и повик до тебе драг читателу да кликнеш на хаш тагот #makuapark доколку сакаш да добиеш комплетна слика од луѓето кои денеска го сведочеа овој дебакл. Има и фотографии!)

UPDATE 1: Некој веќе креирал Facebook page од градилиштето во кое има фотки од она што јас не сакав ниту да го погледнам, а камо ли да го овековечам: кликни тука

И за крај.
Само вие господо бришете...








Како крај на овој навистина предолг текст, би сакал да нагласам дека прв пат доаѓам во Пробиштип и градчето навистина ми се допадна. Куќарките со мали градини со цвеќе и зеленчук ме вратија во младоста во периодот кога населбата Ѓорче Петров сеуште не беше урбанизирана. Ме вративте кај баба. За тоа сум ви благодарен.
Препорака до тие што не биле. Доколку сепак го посетите Пробиштип, немојте да пропуштите да седнете на ручек во хотел „Црешево топче“. Има навистина пријатна градина и многу добра кујна! А згора на се - јадевме четворица и салати и главно јадење и десерт и пијачки и на крај плативме нецели 1.000 денари! Така да - Црешево топче FTW !!! :-)

До следното читање!

11 comments:

  1. Баш сакам да го видам документот за технички прием на објектов!!!

    А ти Злочко не туку кхмкај на УЈП туку поплни пријава и пријави нерегуларност:
    http://ujp.gov.mk/mk/kontakt

    ReplyDelete
  2. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  3. Bravo. Jas sekojdnevno se soocuvam so vakvi raboti, ke gi raskazam na nekoi moi prijateli i tolku. Zatoa vi cestitam sto ste nasle vreme za vaka socno da ni raskazete za da ne se macime da odime - iako nikogas ne bi otisol vo makedonski acqapark, taman i Diznilend da go izgradil. Vi cestitam uste ednas i prodolzete natamu. Samo vaka mozeme da pridoneseme da se popravat nekoi raboti - ako veke ne e se trgnato nepovratno nadolu.
    Pozdrav.
    G.F.

    ReplyDelete
  4. Дечко, Господине или може не најмалце битно едно големо браво за текстов и фала за информациите и јас сакав да отидам али веќе кога разбирам што се случува таму сепак ќе почекам да заврши цела механизација. Уште еднаш ви честитам на текстот

    ReplyDelete
  5. Пази со имињата на луѓето на фотките од пејџот на Аква Парк што коментирале или осигури согласност од нив или земи среди ги фотките без имиња...

    Ај честито блог штета за ваква ствар само што го почнуваш :)
    Поздрав,

    ReplyDelete
  6. Од мене има согласоност за сликата
    Само така..како и секогаш продолжете да ја објавувате вистинската ситуација!


    Поздрав
    Душица

    ReplyDelete
  7. си ја направил слката комплетна за "отварањето" на аквапаркот,само да додадам нешто како жител на Пробиштип:кафематот е ист од пред 3 години и има најлошо кафе(имате среќа што беше расипан) и најмногу реагирам на последната слика од Душица зашто сликата е пред 1 месец кога се градеше базенот со сувенирите(плочките)

    ReplyDelete
  8. Никогаш нема да ја имаме таа среќа кај нас во Македонија кога нешто се инвестира да биде баш онака како што било најавено дека ќе биде.
    Секогаш сме биле алчни за пари - и такви и ќе си останеме.
    Мило ми беше кога слушнав дека аквапаркот ќе биде во Пробиштип а не во Скопје, затоа што ми се виде како убава шанса за поинтензивен развој како на Пробиштип така и на целиот регион.
    Меѓутоа, после сето она кое што го слушнав од луѓе кои биле на отварањето, жал ми е што град со потенцијал каков што има Пробиштип ќе има еден ваков чир прилепен за себе.

    ReplyDelete
  9. Алчност за пари, точно. Многу ме интересира колку ли пари само ќе поврати инвеститорот во овие 2-3 недели колку што ќе биде отворен, имајќи предвид колку луѓе се откажаа од одење натаму, кога го прочитаа постов.

    Не верувам дека аквапаркот ќе биде чир за градот, туку дека напротив, баш ќе му донесе луѓе и ќе го раздвижи. И претпоставувам дека кога ќе му дојде време и ќе биде изграден до крај ќе биде супер.

    Но тоа што го отвараат со багери сред базените и што одозгора на сето тоа не даваат фискални сметки....

    ReplyDelete
  10. Bravo za celiot tekst!!!!!
    Jas sum roden i ziveam vo Probistip no nemam zamerki za nisto navedeno zatoa sto e apsolutno tocno!!!!!

    Pozdrav i sepak dojdetre ni pak vo Probistip!!!
    Ne mora da odite vo Aqau Parkot!!!!

    ReplyDelete
  11. Се разочарав до Аква паркот ако е таква ситуацијата. Може ќе одиме следната година ако го средат. Патем кај се телевизиите да гракаат за ова. Се што видов на телевизија досега беше само дека има нов аква парк и интервју со сопственикот...

    ReplyDelete